Можеби и на вас понекогаш ви се сакало на луѓето да не им се наложуваше да спијат воопшто.
Сепак 7-8 часа на ден се многу време во кое може да завршите многу од задачите во својот зафатен распоред.
За жал, тоа нема да се случи или барем не сè уште. Дури и стресот, на кој човек е изложен, дополнително го влошува квалитетот на неговиот сон. А најдоброто спиење е исклучително важно, бидејќи на тој начин човекот не само што одмара, но и организмот му се полни со нови сили за следниот ден.
Можеби на секој од вас се случило – сте биле нервозни, не сте спиеле добро и од оваа причина сте станале уште понервозни следниот ден. Добрата вест е дека вие не сте немоќни и со воспоставувањето на неколку едноставни навики може да го подобрите вашиот сон. Еве ги и нив:
1. Трчајте само наутро
Раниот тренинг не само што ќе го намали нивото на кортизол (хормонот на стресот) во вашето тело за период од 12 часа, но и ќе ви помогне да спијат подобро. Новото истражување покажува дека луѓето кои практикуваат 30 минути умерено кардио наутро, заспиваат побрзо, сонот им трае повеќе време и поминуваат до 75% повеќе време во длабок сон, отколку луѓето кои тренираат во доцните часови на денот.
2. Размислете за јога
Во случај да имате проблеми со спиењето, јогата исто така ќе ви биде од корист – во секој удобен за вас час. Практикувањето на јога го намалува стресот, а според истражувањата посветените луѓе на јога имаат подобар квалитет на спиењето како целина.
3. Оставете ги јаглехидратите за вечера
Скокот во нивоата на инсулин, кој се добива по потрошувачката на храна како ориз, компир или паста, може да ви помогне да заспиете побрзо. Може да се обидете да додадете и меѓу 15 и 20 грама киноа кон вашата вечера.
4. Уживајте во сончевата светлина
Околу 5 минути по будењето, обидете се да се изложите на сонце барем за околу половина час. На овој начин ќе дадете сигнал на телото дека веќе е утро. Потоа, ако имате таква можност, продолжете да трошите време во соларни простори. Според една неодамнешна студија вработените, кои се радуваат на природна сончева светлина во текот на денот, имаат во просек од 46 минути подолг сон отколку останатите колеги.