Шокантно предупредување ! Европа наскоро би можела да биде многу постудена од денес

948

Компјутерската симулација што ја спровеле покажува дека просечната температура во Европа ќе опаѓа за приближно 1°C по деценија, а некои области ќе бидат постудени за три степени.

Научниците веќе долго време предупредуваат дека климатските промени, кои го зафатија целиот свет, може да имаат сериозни последици врз животот на луѓето. Досега се зборувало за нешто што може да се случи во иднина – за 50 или 100 години. Но, најновото истражување на холандските научници може да дојде како повик за будење, барем за Европејците.

Имено, научниците предупредуваат дека топењето на глечерите, кое секоја година е сé посилно, може да ја запре Голфската струја, океанската струја која носи топла вода на северната хемисфера и со тоа ја загрева атмосферата. Прекинот на Голфската струја може да резултира со пад на температурата за неколку степени во Северна Америка, Азија и Европа, а тоа може да има сериозни последици по човечкиот живот.

Истражувањата покажуваат дека тоа би можело да се случи за неколку децении, но најновите компјутерски симулации откриваат уште полоши вести.

Според податоците објавени во студијата на научниците од University of Utrecht во списанието Science Advance, тешко е да се одреди точниот момент кога Голфската струја би можела да запре.

Се поблиску сме до тој момент, но не сме сигурни кога тоа ќе се случи. Но, ние сме сé поблиску, предупреди раководителот на студијата, Rene van Westen.

Тој објасни дека тоа зависи од степенот на климатските промени предизвикани од човештвото.

Кога ќе престане Голфската струја, што според холандските научници би можело да се случи во следните неколку децении, а не со векови, како што претходно се мислело, температурата на северната хемисфера би можела да се намали за неколку степени.

Компјутерската симулација што ја спровеле покажува дека просечната температура во Европа ќе опаѓа за приближно 1°C по деценија, а некои области ќе бидат постудени за три степени. Освен тоа, мразот би се проширил појужно од Северниот пол, а јужната хемисфера би почнала посилно да се загрева.

Научниците предупредуваат дека иако овие промени може да изгледаат мали, тие би можеле да предизвикаат недостиг на вода и храна ширум светот.

Откривме дека кога ќе се дојде до критичната точка, Голфската струја запира во рок од 100 години. Се намалува топлината што ја пренесува на север, што доведува до нагли климатски промени, истакнуваат научниците.

Единствениот проблем е што тие не знаат кога точно може да се случи тоа. Според груби проценки, на светот му преостануваат уште неколку децении.

Сепак, друга студија објавена од научници од University of Copenhagen, објавена во 2023 година, проценува дека тоа би можело да се случи веќе во 2025 година, а најверојатно во 2057 година. Се разбира, ако ништо не се преземе за да се запрат климатските промени.

Како и да е, очигледно е дека Голфската струја ќе престане и во иднина нé очекуваат нагли климатски промени. На човештвото е да одлучи дали тоа сака да се случи порано или подоцна.

Извор: Daily Mail