Сексуална Азбука – Буква Е | Татјана Алексиќ

940

Е – Ејакулација / Fixie Period Panties

Нехотичен рефлектен чин на машка надразливост на половиот орган, кога е постигнат одреден интезитет. Народски поупростено, исфрлање сперматозоиди од пенисот или популарно – машко свршување. Сиротите избезумени сперматозоиди, во зависност од тоа каде и како се исфрлуваат, таму и никнуваат и не заборавајте дека сите ние сме последица на само еден исфрлен и закачен сперматозоид на вистинското место. Рефлексот на ејакулацијата се случува во најдолниот дел на р’бетниот мозок покрај нервниот центар за ерекција. Поради ритмичкото стегање на мускулите околу половиот орган и простатата,течноста се исфрла надвор. Тоа е тоа, ништо без ритам – можеш да фатиш партнер, ама ако не фатиш ритам отиде возот. Отиде возот и ако предвреме ритмот те занесе и заборавиш на локомотивата, што се смета за сексуален проблем. Времето е индивидуално, некој мери во секунди, некој во минутажа како за кус документарец, но проблемот е кога се нема контрола над свршувањето, негово одолговлекување, за да возот со сѐ локомотивата стаса на време. Најдобар начин за вежбање на контрола на предвремена ејакулација е мастурбација. Толку за возовите, сепак е машка тема за која секоја жена треба да е информирана.

Е- Ерекција

Ех, уште една машка тема која ѝ претходи на ејакулацијата, метафорички изразено „кревање јарбол” или народски упро(па)стено, дигање, дрвење… Секако, процесот е под команда на големиот мозок, надразнет од визуелни или ментални дразби („машта креира свашта”) кој им пренесува сигнали на нервниот систем сѐ до пенисот. Неговото височество, поради проширување на крвните садови, почнува да менува положба и големина на обострано задоволство. Ерекција е автомстска функција, може да се случи и на сон и на јаве, но и при спонтана механичка дразба. При свесен обид за нејзино активирање може да се случи контраефект. Многу е индивидуална, присутна од најраното детство, почеста во пубертет и најинтезивна по адолесценцијата. Квалитетот на ерекцијата зависи и од психофизичкото здравје и кондиција, но секако и од изворот на дразбата. Но, не секој брод може да крене и развие едра на било каков ветер, некогаш е до бродот, некогаш до ветрот, а ако се погодат ќе имаат долга пловидба…

Е – Ерогени зони

Среќата не е целта, туку превозното средство до одредницата. Во нов град (место) кога ќе стасате првин го запознавате, го студирате, се движите низ него. Така е и со водењето љубов, одете по заобиколен пат до епицентарот, важни се сите делови на телото. Во сексуалноста важна е индивидуалноста, секој со својот „свет грал”, секој со свои ерогени точки и зони, треба само да се спознаат и откријат на партнерот. Не секој има истражувачки дух, некој сака да му се каже или покаже. Универзален рецепт нема. За некого тоа може да е допирање по коса, за некого плескање по задник, врат, уво или очен капак, прсти, стопало или стомак, папок, пупки или грб… Забележувате дека сѐ оди во игра како предигра, пред да допрете до најерогените „твајлајт” зони. И да, ерогените зони се вашата интимност, не се за раскажуваење и од јавен интерес. Сѐ додека ја чувате вашата интимност само за вас, без покажување на трето лице, е уметност на водење љубов, во спротивно е перверзија и егзибиционизам.

Gepostet von Fixie Period Panties am Freitag, 30. August 2019