Добро е познато е дека сексот е задоволство за луѓето и носи голем број здравствени придобивки.
Меѓутоа, новата американска студија сугерира дека „акцијата“ меѓу чаршафите го зголемува чувството на исполнет живот, пишува „Дејли мирор“.
Истражувајќи ги факторите што влијаат врз расположението и чувството за исполнет живот, специјалисти од Универзитетот „Џорџ Мејсон“ утврдиле дека сексот, често игнориран во слични студии, всушност игра клучна улога.
За целите на истражувањето 152 ученици требало да водат дневник во текот на три недели, документирајќи го расположението, чувството за исполнет живот и сексуални контакти.
Анализата покажала дека сексот во одреден ден е поврзан со попозитивно расположение и зголемено чувство за значаен живот следниот ден. Сличен став беше забележан и кај учесниците од двата пола.
Истражувачите откриле дека квалитетот е клучен, а не количеството на сексуални контакти.