Меѓу 22 часот и полноќ
Таа: Нивото на мелатонинот кај жената драматично се зголемува околу полноќ , а телото паѓа во длабок сон. Дури и ако е будна, сексуалната будност во ова време опаѓа. Меѓутоа, жената се чувствува поромантично, па затоа вреди да се проба.
Тој: Мажот се чувствува сосема опуштено, иако сѐ уште не спие. Тој би можел да биде подготвен за долг и бавен секс. Едноставно, треба да го отпушти остатокот од енергијата преку сексот, за да може мирно и цврсто да заспие.
Меѓу полноќ и 06:00 часот
Таа: Нејзиното тело треба одмор. Сепак, некои луѓе можат да имаат секс и во полусон. Многу жени кои никогаш не доживеале оргазам го доживеале врвот на задоволството токму водејќи љубов половина заспани. Феноменот има врска со состојбата на целосната релаксација која се случува во сонот. Но, партнерот би требало да биде буден за да го одработи својот дел од работата.
Тој: Мажот во ова време е во длабок сон и би ви требало многу напор за да успеете да го разбудите и да го убедите на секс.


















