Во секојдневниот живот правиме многу работи кои нè стареат.
Седењето на сонце и изгорениците се само дел од работите кои нè тераат да старееме предвреме.
Многу аспекти од нашиот живот ни се одразуваат лошо без да сфаќаме. Кои се тие?
Мултитаскинг
Оваа способност на вработените е толку омилена на работодавачите, а толку штетна за здравјето. Мултитаскингот предизвикува голем стрес на организмот кој ги остарува и убива клетките, а тоа води до сериозни заболувања, карактеристични за возрасни луѓе.
Не го прескокнувате десертот
Премногу шеќер не е добар за организмот. Шеќерите предизвикуваат оксидирачки процеси, стареење на телото.
Спиете по 5-6 часа на ноќ
Дури и да ви се чини дека ви е доволно, нема како да е вистина. Клетките имаат потреба од 8-часовен сон, за да се регенерираат. Инаку почнуваат да стареат предвреме.
Поминувате многу време пред телевизорот
Седењето и лежењето во текот на денот може да биде погубно. Ова е време од денот, во кое се претпоставува дека треба да сте активни. Кога вашето тело не се движи, процесите во него стануваат инертни, хранливите материи не се обработуваат правилно, односно клетките, органите и системите не се хранат правилно. Настапува предвремено стареење.
Не користите околуочен крем
Најчестото место на кое прво се појавуваат брчки, е околуочниот простор. Затоа е добро да користиме редовно крем со формула специјално создадена за оваа деликатна зона.
Користете заштита од сонце, но само на плажа
Сонцето предизвикува предвремено стареење. Во летото кожата ни е изложена на зраци, дури и кога не сме на плажа. Затоа треба да носиме крем за сончање цело време. Во зима тоа важи исто, но само за отворените делови на телото.
Носите премногу шминка
Шминката е исполнетa со токсични и штетни состојки кои стареење кожата. Намалете го количеството мејкап што го користите.
Спиете со лицето кон перницата
Кога лицето ви е смачкано во перницата со часови, структурата на кожата се нарушува. Се формираат брчки, фини линии и дамки.
Вапиот дом е премногу топол
Премногу високата температура во домот е штетна за здравјето и кожата. Ова важи и за степените во канцеларијата каде што воздухот е дури уште и валкан. Екстремното вештачко греење го суши воздухот и предизвикува дехидрација на кожата и телото. Така комплетно стареете и ги зголемувате годините кон својот изглед.
Пиете со сламка
Собирањето на усните при пиење со сламка е штетно за кожата, бидејќи предизвикува надусни брчки. Ослободете се од оваа штетна навика.
Ги избегнувате мастите во вашата исхрана
Мастите се корисни за кожните клетки. Благодарение на нив кожата останува млада и без брчки за подолго. Најважни се омега-3 масните киселини, кои ги спречуваат брчките и фините линии.