Се вративте од одмор и чувствувате дека ви треба повеќе ? Не сте единствените, еве како да си помогнете

579

Експертите го опишуваат како „парадокс по годишниот одмор“.

Годишниот одмор го поминавте на море, кампувајќи или истражувајќи нови места и по неколку недели бавно темпо и уживање, се враќате на работа, а се чувствувате како да не сте се одмориле. Наместо да се чувствувате подготвени за нови работни победи, вие сте всушност исцрпени, депресивни и безволни. Се чувствувате како да ви треба одмор за да се одморите од вашиот одмор.

И не сте единствените.

Експертите го опишуваат како „парадокс по годишен одмор“. Затоа што, наместо да се враќате освежени и подготвени за работа, се чувствувате поуморни отколку пред одморот. А истражувањата покажуваат дека тоа не е толку ретко како што би помислиле.

Имено, постојат неколку фактори кои можат да придонесат да се чувствувате поуморно после одморот отколку предтоа. Самото патување може да биде исцрпувачко, особено ако сте чекале до последниот ден да се вратите, сте патувале долго или сте постојано во движење. Освен тоа, можеби сте одговарале на деловни повици или е-пошта, или цело време сте го поминале трчајќи по децата обидувајќи се да ги забавувате. И можеби сте го поминале вашиот одмор правејќи ги сите оние работи што всушност не сте успеале да ги направите во текот на остатокот од годината.

И сега сте се вратиле на работа и би требало да бидете мотивирани за неа, а само луто се присетувате на коктелите на плажа, истегнувањата во кревет или на моменти кога вашиот мобилен телефон немал сигнал.

Па, како да се реши тој проблем?

Пред се, бидете реални и свесни дека ќе бидат потребни неколку дена за да се вратите во рутина. Нашите умови и тела имаат тенденција да се спротивстават на ненадејните промени во рутината. Запомнете како ви се потребни неколку дена за да започнете да се релаксирате кога одите на одмор. Потребни ви се и неколку дена за да се вратите на работното расположение, „да се снајдете“ и да влезете во работната рутина.

Дозволете си дополнително време за вашето патување до работа за да го намалите стресот предизвикан од сообраќаен метеж, работи или едноставно заглавување на патот. Не планирајте важни состаноци првиот ден – одвојте го тоа време за да дознаете од вашите колеги што се случило додека ве немало, исчистете го сандачето од е-пошта и испланирајте го остатокот од неделата.

Некои може да бидат во искушение веднаш да се справат со најголемите и најсложените обврски. Сепак, ова често не е добра идеја бидејќи само ќе се изложите на поголем стрес, а потоа ќе ви биде уште потешко да се справите со другите обврски. Затоа, прво започнете со најлесните задачи што можете да ги направите брзо и лесно. На тој начин ќе имате чувство дека сте направиле нешто и нема да се потресувате за тие задачи.

Потсетете се зошто ја работите оваа работа? Ако приоритетите ви се смениле за време на одморот и чувствувате дека работата повеќе не е за вас, можеби е време да барате нова? Или едноставно да размислите за нова позиција во компанијата. Доколку се чувствувате исполнето и задоволно од работата што ја работите, ќе ви биде полесно кога ќе се вратите од одмор.

Не заборавајте дека имате и приватен живот. Некои можеби ќе се најдат во ситуација да сакаат да надокнадат се што „пропуштиле“ за време на одморот, па го запоставуваат приватниот живот на штета на деловните обврски. Но, „да се биде продуктивен и успешен не е спротивно на уживањето во животот и одвојувањето време за одмор“. Доколку поинаку не ви оди, запишете на хартија кои деловни, а кои приватни обврски ве очекуваат и обидете се да направите распоред во кој двете страни од вашиот живот ќе бидат задоволни.

И за крај, немојте да им љубоморите на колегите кои штотуку заминале на одмор. Вашето време повторно ќе дојде !!!