Се смета за еден од најумните | Ова е негово пророштво: “Крајот на светот во 2060”

1889

Белешката ја открива длабоко духовната страна на човекот кој обично се перципира како строг рационалист.

Тој самоуверено пишува дека во Библијата е докажано дека крајот на светот ќе се случи во 2060 година, додавајќи дека „може да се случи подоцна“, но дека „не гледа причина тоа да се случи порано“.

Ова го споменувам не за да одредам кога ќе дојде крајот на светот, туку за да се стави крај на предвремените претпоставки на разни луѓе кои често го предвидуваат времето на крајот на светот. Со тоа тие ги сквернават светите пророштва кога нивните пророштва не се исполнети – напиша Њутн.

Не е познато во кои зборови од Библијата Њутн го препознал доказот за времето на крајот на светот.

Тој вети дека на крајот на светот ќе следи „пад на злите нации, крај на маките и сите проблеми, враќање на Евреите (од егзил) и нивно воспоставување на успешно и вечно Царство“.

Џемима Бен-Менахем, една од кустосите на изложбата, го рече ова во 2007 година: „Овие документи покажуваат научник кој бил воден од религиозен ентузијазам, желба да ги види Божјите дела на светот“.

Продолжува на страна 3