Романец никако не може да докаже на суд дека е жив

1239

Романецот Константин Релиу не успеал да го убеди судот дека е жив, откако неговата сопруга го прогласила за мртов.

Поради тоа Релиу покрена нов процес и поднел жалба за поништување на умреницата. Воедно тој поднел тужба против сопругата за враќање на неговите средства.

Претходно судот во романскиот град Васлуј ги отфрли неговите барања, објаснувајќи дека е официјално прогласен за мртов. Од судот наведуваат дека 63-годишниот Релиу го загубил процесот затоа што задоцнил со жалбата.

Релиу во 1992 година заминал да работи во Турција, по што загубил секаков контакт со семејството. Неговата сопруга, бидејќи немала никакви информации за него, успеала да го прогласи мртов и да добие умреница во 2016 година.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.