Решена е бизарна мистерија која ја обеспокои Австралија

2955
Neti Moffitt со семејството

Neti Moffitt била воодушевена бидејќи, мистеријата со портокалот е разрешена. Портокалот добил виолетова боја кратко откако нејзиниот син изел неколку парчиња.

“Изгледаше како некој да го натопи во мастило, а можам да ви гарантирам дека не станува збор за тоа”, рече таа.

“Најважно за мене беше да биде сѐ во ред со мојот син, да нема последици за неговото здравје. Но, тој е добро, немаше драми, изјави таа за австралиските медиуми.

Stewart Carswell ја опиша истрагата како многу необична.

– Во нашата лабораторија се обработуваат примероци на крв, урина, вода, почва, на риба и други прехранбени производи. Кога бевме замолени да го истражиме портокалот, бевме изненадени, тоа беше нешто сосема поинаку за нашиот тим, рече тој во изјавата.