Грозје

Грозјето е плод кој е богат со резвератол, супстанца која е многу моќен антиоксиданс и антимутоген.
Најважната карактеристика на ресвератролот е инхибиција на циклооксигеназа-2 (COX-2). COX-2 е поврзан со ракот и абнормалното растење на клетките во интестиналниот тракт. Природните COX-2 инхибитори, како што се ресвератролот, докажано ја намалуваат појавата на ракот и го спречува премалигниот раст.
Затоа јадете редовно црно грозје за да го намалите ризикот од рак. Кога јадете грозје, обрнете внимание на семките кои се внатре. Би било добро да ги грицкате со забите, затоа што така се ослободуваат моќните активни состојки.


















