Cugnot беше еден од првите кој имал изработено работилница во која успешно ги испитувал своите експерименти за конвертирање на транслаторно движење на клипот на пареа во ротациони движења со помош на прескокнувачки аранжмани. Една верзија поставена на три тркала fardier à vapeur (“steam dray”) се појавила во 1769. (Еден фармер беше направил две гоелми масивни тркала за коњска влеча подгетвени за транспорт на многу тешка опрема, како ште се топови).
Следната година, била изградена во вистинска големина работна верзија на fardier à vapeur, оспособена да носи 4 тони и за еден час да помине 7,8 км или 4,8 милји, перформанси кои никогаш не се постигнати во пракса . На возилото, кое тежело околу 2,5 тони тара, имало две задни тркала и едно во предниот дел. Предното тркало имало функција да го носи парниот котел и возниот механизам. Управувано е од горниот дел на возилото со помош на двојна рачка. Имало простор да седнат четири патници, а се движело со брзина од 2,25 милји на час.
Било соопштено дека возилото емногу нестабилно поради лошата распределба на тежината, што е сериозен недостаток за движење по груб терен и искачување по стрмни ридови. За второто надополнето издание од 1771се вели дека излегло надвор од контрола и се првртило со дел од арсеналот што го превезувал, така што ова е првата регистрирана и пријавена втомобилска несреќа според Georges Ageon (најрано спомнување на ваква сообраќајка датира од 1801).
Во 1772, Cugnot добил пензија 600 Livres од кралот Луј XV за неговата иновативна работа. Експериментот бил оценет за интересен што било доволно за fardier да се најде во Conservatoire National des Arts et Métiers, 1800 година, каде што и ден денес може да се види.
Со Француската револуција, пензијата на Cugnot била укината и во 1789 година пронаоѓачот заминал во егзил во Брисел, каде што живеел во сиромаштија. Непосредно пред неговата смрт, тој бил повикан назад во Франција од Наполеон Бонапарта и Николас-Жозеф Cugnot се враќа во Париз, каде што починал на 2 октомври 1804 година.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.


















