Нов вид на диносаурус со оклопно тело е откриен на британскиот остров Wight за прв пат по 142 години.
Диносаурусот припаѓа на група тревојади диносауруси познати како анкилосауруси, а неговите остатоци се пронајдени во Формацијата Wessex на островот – фосилно место кое датира некаде помеѓу 145 и 66 милиони години.
Новиот вид го носи името Vectipelta barretti – по професорот Paul Barrett, кој работел 20 години во Природонаучниот музеј во Лондон. Тоа е вториот оклопен диносаурус пронајден на островот, првиот е Polacanthus foxii – ископан во 1865 година.

Stuart Pond, истражувач во Одделот за науки за Земјата при Природонаучниот музеј, изјавил:
Речиси 142 години, сите остатоци од анкилосаурусите од островот Wight му се припишуваа на Polacanthus foxii, познатиот диносаурус на островот, и сега сè треба да се преиспита со откривањето на новиот вид.

Иако и двата анкилосауруси потекнуваат од ист остров, истражувачите откриле дека тие не се во род.
Всушност, V barretti е главно тесно поврзан со некои кинески анкилосауруси, што сугерира дека овие диносауруси слободно се движеле од Азија во Европа за време на раниот период на креда (пред 145 до 66 милиони години).
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















