Природни состојки кои штитат од сонцето

1288

Колку и пријатно да е изложувањето на сонце во топлите летни денови, тоа има свои недостатоци, за кои експертите не престануваат да потсетуваат.

Оштетувањето од сончевите зраци нè остарува и доведува до појава на брчки, фини линии и пигментни дамки. Ова бара да инвестираме време и средства, за да најдеме соодветен и ефикасен заштитен производ.

Во оваа врска е корисно да знаеме дека постојат и некои сосема природни природни состојки кои можат да ја заштитат кожата од штетното влијание на сончевите зраци.

Бета глукан во јачменот

Семињата на јачменот имаат повеќе од 25% бета глукан, а тие помагаат за навлажнување на кожата и исто така нудат UV заштита.

Кофеин

Да, кофеинот е резервиран за почетокот на денот, но колкумина од нас знаат дека може да ја заштити и кожата од штетите предизвикани од сонцето? Кофеинот има антиоксидантни својства, кои штитат од ултравиолетово зрачење и ги забавуваат процесите поврзани со стареењето на кожата.

Куркума во прав и мед

Оваа мешавина се користи со векови за лекување на изгореници и хидрирање на кожата.

Галангал, ака “кинески ѓумбир”

Тоа е билка од семејството на ѓумбир. Екстрактот од неа не само што ја осветлува кожата, но и ја штити од умерената попреченост на сонцето. Покрај тоа, ја намалува појавата на лузни и се бори со стареењето на кожата.