Претседателски кандидат за кој говори цел свет | Неговиот изглед така-така, ама оној на идната прва дама?!

239

Муса Сандијана Каба, популарен пејач од Гвинеја попознат како Гранде П, одлучи да учествува на претседателските избори што ќе се одржат на 18 октомври во оваа земја.

Пејачот, кој е попознат во земјата по својот необичен изглед отколку по музичкиот талент, го шокираше светот со својата кандидатура, но и со изборот на неговата девојка, која би можела да стане прва дама на Гвинеја, во случај да победи на изборите.

Имено, Гранд П е во врска со моделот плус сајз од Брегот на Слоновата Коска Евдокси Јао, кој од се срце го поддржува во неговата кандидатура.

Иако многумина веруваат дека нивната врска е само маркетиншки трик, тие не обрнуваат внимание на ваквите коментари, но редовно објавуваат заеднички снимки и фотографии на социјалните мрежи, кои кај многумина предизвикаа зачуденост, а кај некои и одвратност.

Сепак, каква и да беше реакцијата на домашната и светската јавност, Гранд П официјално објави дека се кандидира.

– Слушајте ме, јас ќе бидам претседател. Сите мора да ме поддржите – рече Гранд П обраќајќи им се на своите фанови на социјалните мрежи.

Некои сметаат дека неговата кандидатура е прилично смешна и дека Гранд П само сака да ги насмее неговите обожаватели. Сепак, има многумина кои веруваат дека поради неговата популарност, тој би можел да ја постигне целта, што би претставувало проблем за Алфи Конде (82), сегашен претседател на Гвинеја, за кого ова би бил трет мандат.

Во последните неколку години, Гранд П се здоби со популарност, особено поради неговата врска со Јао, и стана познат и надвор од границите на Гвинеја. Сепак, локалните медиуми се прашуваат дали тоа ќе биде доволно за да се загрижи Конде. Се шпекулира дека новата амбиција на моделот плус сајз е да стане прва дама на Гвинеја и дека таа го убедила да го стори тоа.

Пејачот инаку има ретко генетско нарушување прогерија – што се карактеризира со предвремено стареење и краток животен век.

– Тие злобно нè напаѓаат поради нашата врска, но нас не ни е гајле затоа што докажавме дека големината не е важна – рече тој неодамна заедно со неговата избрана.

И покрај бројните ‘хејтери’, двајцата имаат своја армија фанови, кои ги сметаат за прекрасен пар.