Пред да станете депресивни, проверете дали сте опкружени со идиоти! Сигмунд Фројд

545

Еден од најконтроверзните научници на 20 век е оној кој студентите на психологија од целиот свет од милост го нарекуваат “дедо Фројд”.

За време на неговиот живот, некои го сметале за шарлатан, вторите за гениј. Коко Шанел го нарекувала првиот човек феминист, а две откритија го овековечиле: откривање на тајните на човечкиот сон и “наоѓање” клучот на потсвеста.

Еве ги неговите 10 интересни цитати кои дефинитивно ќе ве поттикнат на размислување, но и ќе ве забавуваат:

  1. Големината на вашиот идентитет се определува со големината на проблемот, кој е во состојба да ве исфрли од такт.
  2. Пред да ја дијагностицирате кај себе депресијата и ниската самодоверба, најнапред бидете сигурни дека не сте опкружени со идиоти.
  3. Ние никогаш не сме толку ранливи како тогаш кога сакаме некого, и некогаш толку безнадежно несреќни тогаш кога ја губиме љубовта.
  4. Луѓето се поморални отколку што мислат и многу повеќе неморални отколку што можат да замислат.
  5. Секој нормален човек, всушност, нормален е само делумно.
  6. Доколку сте му простиле на човекот сѐ, со него завршивте, засекогаш.
  7. Против секој човек, човек може да се брани, но против пофалба останува беспомошен.
  8. Ние повеќе се стремиме кон тоа да ја избегнеме болката, отколку да се исполниме со радост.
  9. Во моментот кога човекот почнува да се сомнева во својот живот и својата вредност, станува болен.
  10. Големото прашање на кое никогаш не било одговорено и на кое не сум можел да одговорам, и покрај триесетгодишното истражување на женската психа е: Што сакаат жените?!