Почина Енио Мориконе

133

Легендарниот композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст.

Според извештаите на медиумите, Мориконе починал во текот на ноќта на клиника во Рим, а кобни биле последиците од неговиот пад минатата недела, кога ја повредил бутната коска.

Енио Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од 20 век, тој има напишано музика за повеќе од 500 филмови.

Легендарна е музиката која ја работел за шпагети-вестерните, како што се „За грст неколку долари“ (1964), „Добриот, лошиот и грдиот“ (1966) и „Беше еднаш на Дивиот запад, 1968). Во осумдесеттите, тој ги компонира партитурите за хорор филмот на Џон Карпентер „Суштество, беше еднаш во Америка“ од Серџо Леоне; „Мисија“ на Роланд Жофе, „Недопирливи“ на Брајан де Палма и „Кино Парадизо“ на Џузепе Торнаторе, а меѓу неодамнешните проекти беа и „Комплетен пресврт“ на Оливер Стоун, „Легендите за 1900 година“ и „Малена“ на Торнаторе и „The Hateful Eight“ на Квентин Тарантино.

Тој освои две Греми награди, два Златни глобуси и пет награди Ентони Ескит за филмска музика од БАФТА во периодот 1979-1992 година.

Беше номиниран за пет Оскари за најдобра музика, оригинална музика во периодот 1979-2001, а во 2007 година доби почесен Оскар „за неговите прекрасни и повеќеслојни придонеси во уметноста на филмската музика“.

Беше вториот композитор кој ја доби оваа награда по нејзиното воведување во 1928 година.