Јарец
Јарецот е земјен знак. Тој има своја темна страна и кога таа ќе преовлада, ги отфрла сите правила на цивилизирано однесување. Не се срами да стане суров ако тоа му помогне да напредува во кариерата или да му се одмазди на непријателот.
Има недостиг од емпатија и понекогаш се радува поради нечија несреќа, наместо да ја пружи потребната помош.
Овен
Овенот е жесток огнен знак. Може да биде многу суров на зборови кога ќе се разлути или вознемири. Овните имаат натпреварувачки дух и не поднесуваат пораз. Ако се најдете на патот до неговата цел, може да станат многу непријатни.
Секој натпревар со Овенот ќе ја извлече неговата злобна страна на површина. Еднаш кога ќе победи или ќе ја докаже својата поента, тој ќе се излади и повторно ќе стане забавен и шармантен, но неговата суровост веќе ќе му има наштетено на противникот.
Лав
Лавот е исто така страстен, огнен знак. Сака да биде во центарот на вниманието. Толку е шармантен и привлечен, што луѓето лесно се вљубуваат во него. Но ако се почувствува загрозено, може да ве растргне на парчиња.
Лавот знае да биде добар дипломат и политички коректен. Знае да ја каже вистинската работа, така што ќе ве залаже, но ќе ви го скрши срцето. Овие мачиња имаат канџи и кога се лути, може да станат многу сурови.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















