И додека за машката верзија навистина не треба многу да се зборува, онаа женската е понепозната и помистична (или барем вие жените сакате мажите да мислат така!)
Омилената машка играчка и непресушен извор на пријатни и помалку пријатни анегдоти, без кои популарната култура би била незамислива, мастурбацијата кај мажите е толку општопозната и прифатена работа што е тешко за неа да се каже нешто што би можело некого да изненади.
Од друга страна, женските патишта на сексуалното задоволство многу повеќе се мистични (или барем сакаме мажите така да мислат), и мастурбацијата тука не е исклучок. Токму на тоа нѐ поттикна, по должината и широчината да го пребараме интернет просторот и на едно место за вас да собереме некои интересни резултати од различни истражувања спроведени на оваа тема. Па, да тргнеме:
Пет факти за женската мастурбација
– Високи 89 % од жените признаваат дека мастурбирале барем еднаш во својот живот. Претпоставуваме дека овие 11 % не биле свесни дека истражувањето е анонимно и дека слободно смеат да ја кажат вистината.
– Повеќе од 41 % од жените тврдат дека во еден момент биле фатени на “дело”, додека 22 % од нив веруваат дека лицата кои им влетале тоа го направиле намерно.
– Четири од десет жени преферираат мастурбација, отколку сексуален однос. Иако навистина немаме намера никого да осудуваме, но ги доведуваме во сомнеж љубовните вештини на нивните партнери. Жал ни е, драги наши мажи, но овој податок не ви оди во прилог.
– Повеќе студии потврдија дека мастурбацијата има голем број на позитивни ефекти врз здравјето на жените, бидејќи го намалува стресот, отпушта ендорфин и ја намалува веројатноста за појава на цервикална инфекција. Ако ви треба уште една причина за мастурбација, слободни користете ја.
– Мастурбацијата не е својствена само за луѓето. Биолозите тврдат дека женките на porcupines (еден вид на бодликаво прасе) редовно користат дрвени гранки за да мастурбираат. Кој знае, можеби и за овој вид ќе се отвори пазар на сексуални помагала?
![]()



















