Пет храбри мајки без кои светот не би бил ист

802

По повод Денот на мајката, кој се слави секоја втора недела во мај месец, се сеќаваме на пет мајки кои засекогаш не задолжија со своето знаење, храброст, општествено ангажирање и активизам.

1. Maria Skłodowska-Curie

Maria со своите ќерки Ève и Irène.

Еден од најпознатите научници на сите времиња и првата жена што ја доби Нобеловата награда и нејзиниот сопруг Pierre Curie имаа две деца во бракот. По смртта на нејзиниот сопруг во 1906 година, Maria сама ги одгледала своите ќерки Irène и Ève.

“Жените често ме прашуваат како успевам да го усогласам семејниот живот и научната кариера. Можам само да кажам дека не е лесно“, изјави во една прилика научничката, но и со својот пример докажа дека жените не мора да се откажат од едното или од другото.

  • Мајка ми секогаш ни велеше дека мора да бидеме независни, да си ја сфатиме работата сериозно и да не го поминуваме времето само во забава. Но, таа никогаш не сметала дека науката е единствената насока што треба да ја следиме, рече Irène.

2. Irena Sendlerowa

Irena Sendler, Polska, спасила повеќе од 2.500 илјади еврејски деца од варшавското гето за време на Втората светска војна. Irena била членка на полското движење на отпорот и под кодното име Jolanta креирала лажни документи за деца, кои потоа ги испраќала во домовите на полските семејства, сиропиталишта и манастири за да ги спаси од сигурна смрт и да ги врати во нивните семејства по војната. Irena пред да биде уапсена успеала да ги скрие списоците со имињата на спасените деца.

Таа била подложена на тешка тортура во затворот. Меѓутоа, во ниту еден момент не открила каде се децата, па била осудена на смрт. Таа избегала од затвор на денот кога требаше да биде погубена, откако членовите на полското движење на отпорот успеале да поткупат германски војник. Извесно време се криела од нацистите, но потоа се вратила во Варшава под лажно име и работела како медицинска сестра.

Sendler со оние кои ги спасила како деца, Warsaw, 2005 година

По завршувањето на војната, Irena и нејзините колеги ги собрале сите информации од спасените деца со намера да ги вратат кај родителите, но набрзо дознале дека повеќето од нив биле егзекутирани во концентрациониот логор Треблинка.

3. Sojourner Truth

Sojourner имала само девет години кога била продадена во ропство. Во бракот со робот Thomas имала пет деца, а нејзиниот сопственик John Dumont и ветил слобода. Меѓутоа, тој се предомислил, па Sojourner решила да побегне со својата новородена ќерка во 1826 година. Недолго потоа дознала дека нејзиниот 5-годишен син Peter илегално бил продаден на маж во Alabama.

Собрала пари за адвокат, го тужела дотичниот и го добила случајот во 1828 година и успеала да си го врати синот. Тоа бил историски момент затоа што Sojourner е првата Афроамериканка која тужила белец и добила ваков тип на судски спор. Како жесток аболиционист, таа продолжила да се бори за правата на робовите и жените.

4. Elizabeth Cady Stanton

Многумина не ни знаат дека познатата активистка за правата на жените, суфражетка и аболиционист била мајка на седум деца. Со нејзината пријателка Susan B. Anthony ја основа Американската национална асоцијација на жени суфражетки и на крајот им помогнале на жените да добијат право на глас.

Повеќе од 50 години таа била водечка фигура во американското движење за правата на жените и голем дел од својот живот посветила на образованието на новите генерации жени.

5. Waris Dirie

Waris Dirie, Pirelli Calendar 1987.

Поранешниот амбасадор на UN, активист и автор родена е во Сомалија,1965 година. Таа имала само три години кога била подложена на осакатување на гениталиите, брутална практика која се спроведува во одредени земји во светот од културни и/или религиозни причини. На 13 години требало да стапи во договорен брак со 60-годишен маж, но побегнала во Mogadishu. Таму извесно време живеела со постарата сестра и семејството, а потоа успеала да се пресели во Велика Британија.

Сосема случајно на улиците на Лондон била забележана од фотографот Terence Donovan кој ѝ помогна да дојде до насловната страница на престижниот календар на Pirelli во 1987 година. Десет години подоцна, на врвот на нејзината манекенска кариера, Waris за прв пат јавно проговори за гениталното осакатување што го доживеала во интервјуто за магазинот Marie Claire.

Тогаш започнува нејзината активистичка кариера, обележана со борбата против болниот обичај на кој, според податоците на СЗО, секојдневно се подложени над 8.000 девојки. Во 2013 година, оваа мајка на четири деца го отвори првиот медицински центар во Berlin кој нуди реконструктивна хирургија на жртвите на генитално осакатување.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.