Печен стар леб – рецепт и подготовка

3305

Не фрлајте ги остатоците, туку направете печен стар леб. Ви пренесуваме рецепт за вкусен запечен стар леб.

Сте купиле премногу леб и сега не знаете што да правите со него? Не го фрлајте, но вистинското решение е да направите печен стар леб.

Печениот стар леб е многу лесен за подготовка, потребни се само 15 минути, а постојат различни начини за печење.

Печениот стар леб можете да го подготвите во рерна, во тава или на скара. Во секој случај, печениот стар леб ќе испадне фин и крцкав.

Доколку сакате печениот стар леб да биде додаток на, на пример, месо на скара, откако ќе го исечете на дебели кришки и пред да го ставите во рерна, премачкајте го од двете страни со мешавина од маслиново масло, зрнца лук и магдонос.

Ако пак сакате сами да послужите печен стар леб, направете топли сендвичи. Ќе ги направите така што ќе измешате едно јајце, една павлака, сирење исечкано на коцки, шунката исечкана на оцки и зачини, и оваа смеса ставете ја на кришките леб.

Така ќе добиете испечен стар леб кој ќе биде крцкав, а исто така ќе се стопи во устата.

Количината на состојки зависи од количината на лебот.

Печен стар леб можете да го подготвите и сами, без адитиви, доколку сакате.