Овој зеленчук е од непроценлива вредност | Има витамин Ц, ги штити коските, го зајакнува срцето, го штити мозокот

1974

Го намалува стресот и го одржува здравјето на мозокот

Додека вашето расположение може да диктира што ќе јадете и обратно е можно. Она што го јадете може да влијае на вашето расположение и функцијата на мозокот. Се поголем број на студии покажуваат дека она што го јадеме влијае на тоа дали ќе бидеме среќни или мрачно расположени. Создавањето здрава цревна флора го намалува стресот и го одржува мозокот здрав. Покрај тоа, пробиотиците од кисела зелка ја подобруваат меморијата, ги намалуваат симптомите на анксиозност, депресија, аутизам и опсесивно-компулсивно нарушување. Го зајакнува срцето

Голем број на влакна и пробиотици го намалуваат нивото на холестерол, додека витаминот К2 го намалува ризикот од срцеви заболувања спречувајќи формирање на депозити на калциум во артериите. Една студија покажа дека редовното внесување на витамин К2 го намалува ризикот од смрт од срцеви заболувања за дури 57%, во период од седум до 10 години. Додека друга студија покажа дека жените можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања до 9% за секои 10 микрограми витамин К2 што ги внесуваат дневно. На пример, една чаша кисела зелка содржи околу 6,6 микрограми овој витамин.

Придонесува за појаки коски

Гореспоменатиот витамин К2 игра голема улога и во здравјето на коските. Знаеме дека жените кои влегуваат во менопауза имаат голем проблем со јачината и густината на коските. Внесувањето на витамин К2 придонесува за побавно губење на коскената маса, а неколку студии покажаа дека редовното консумирање на овој витамин, било преку диета или додатоци, може да го намали ризикот од фрактури на ‘рбетниот столб или колкот за 60-80%.

Сега кога ги знаете главните придобивки од оваа супер храна, останува на вас да одлучите дали сами ќе направите кисела зелка или ќе ја купите.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.