ОВАА ИНФОРМАЦИЈА ЌЕ ВЕ ШОКИРА / Дали луѓето со сини очи имаат заеднички предок ?

2400

„Сите сегашни докази укажуваат на настан од пред околу 6.000 до 10.000 години што резултирал со мутација на генот наречен OCA2“, изјавил еден лекар.

Докторот Neville Sanjana го сподели своето мислење за теоријата дека сите луѓе со сини очи потекнуваат од една личност. Општо е познато дека сините очи се многу поретки од кафените, а Healthline проценува дека меѓу осум и десет проценти од светската популација ги има.

Зборувајќи за Wired за овој феномен, д-р Neville Sanjana објасни дека мутацијата може да се следи илјадници години наназад, пишува Lad Bible.

„Сите сегашни докази укажуваат на настан од пред околу 6.000 до 10.000 години што резултирал со мутација на генот наречен OCA2“, рече тој. „OCA2 е одговорен за протеинот наречен меланин во нашите очи. Таа мутација се случила во Европа и сите синооки денес се далечно поврзани со тој човек од пред 10.000 години. Но, тоа не е единствениот ген што е важен за бојата на очите, постојат околу осум гени за кои знаеме дека придонесуваат за бојата на очите кај луѓето. Дури и ако ја имате верзијата на OCA2 со кафени очи, понекогаш може да завршите со сини очи. А тоа е поради придонесот на тие други седум гени.“

Но, како знаат дека сè е поврзано со заеднички предок? Па, затоа што секој човек на планетата кој има сини очи ја има истата мутација, ете така.

Иако се потребни многу повеќе истражувања, се смета дека мутацијата се проширила кога луѓето мигрирале од Африка во Европа, што на некој начин би објаснило зошто главно луѓето од европско потекло се чини дека имаат сини очи.

Откритието е направено во 2008 година од тим истражувачи од University of Copenhagen. Студијата, исто така, ги разгледала варијациите на другите поретки бои на очите, како што е зелената, што ја поддржува идејата дека едно лице потекнува од генот за сини очи.

Авторот на студијата, професор Hans Eiberg, од Одделот за клеточна и молекуларна медицина, изјави за Science Daily:

„Во меѓувреме, луѓето кои имаат зелени очи може да се објаснат со фактот дека имаат намалена количина на меланин во ирисот, што е многу различно од оние со сини очи. Од ова можеме да заклучиме дека сите синооки се поврзани со ист предок“.