Ова се најморничавите ментални нарушувања

1859

Синдром Алиса во земјата на чудата

Ова нарушување влијае врз перцепцијата и оние кои страдаат својата околина ја гледаат доста искривено, како што Алиса во еден момент беше поголема од куќа, а во друг помала од чаша. Лицата некогаш страдаат и од дезориентираност. Оваа состојба, за среќа, е многу ретка и минлива.

Котаров синдром

Ова е можеби најморничавото нарушување на оваа листа. Лицето кое страда од Котаров синдром мисли дека е мртво и дека сега е дух, зомби или реинкарнација. Последица е на повреди на специфични делови од мозокот. Заболените, мислејќи дека веќе се мртви, престануваат со јадење и пиење.

Визуелна агнозија

Се работи за ретка состојба во која лицето дава погрешни значења на она што го гледа. На пример, ако гледа маса, може да се увери себе дека се работи за друг предмет, кој физички нема никаква сличност со масата. Најчесто е последица на оштетувањата на мозокот кои доаѓаат заедно со деменцијата, со страшни труења, долго лечење со хемотерапија и цитостатици.

Вендиго психоза

Заболените веруваат дека се опседнати од чудовиште кое се храни со човечко месо. Вендиго е чудовиште од индијанската митологија, кое поседува и човечки карактеристики, а кое откако ќе опседне лице, го тера да убива и да ужива во тоа. Изненадното насилничко однесување и желбата да повредува се најчестите симптоми.