Постојат многу можности за избор на тестови за бременост – можеме да се изгубиме меѓу бројните брендови кои се нудат на пазарот.
А ако се обидуваме да разбереме како работат и кој е најефективниот – тогаш мистеријата се продлабочува.
Која е разликата? Како да ги добиете најдобрите резултати? И како функционираат тестовите за бременост?
Треба да разбереме.
Сите тестови го мерат истото
Постојат десетици различни тестови за бременост на пазарот, но без разлика дали сме во ординацијата на докторот или сме го купиле тестот во аптеката, сите тие го мерат хормонот наречен “човечки хорионгонадотропен хормон”.
Тој се наоѓа во организмот, дури и без да има бременост, но откако плодот ќе се имплантира и почне да расте, нивото во крвта и урината се зголемува значително.
Да го правиме тестот наутро
Причината е дека по неколку часа спиење има шанса предметниот хормон да се натрупа во урината, бидејќи се чува во мочниот меур. Концентрацијата на хормонот во урината во раните утрински часови на денот е поголема и следствено е поверојатно да покаже позитивен резултат, во случај на бременост.
Поскапите тестови не се поефикасни
Ако се двоумиме кој тест да го избереме според неговата цена, специјалистите појаснуваат дека нема скоро никаква разлика помеѓу различните тестови.
Причината е дека сите тестови за бременост кои се применуваат во домашни услови, го мерат истото, генерално, на ист начин.
Нашата здравствена состојба може да влијае на резултатите од тестот
Некои лекови, обично оние кои се користат за плодност, содржат човечки хорионгонадотропен хормон и може да го зголемат нивото на хормонот во урината до степен да дадат позитивен резултат.
Растројствата на хипофизата или присуство на туморски клетки во организмот – во јајниците или тестисите, можат да го зголемат нивото на хормонот во организмот.



















