Новиот супер-хранлив ориз за појадок

262

Нов процес за проширување на зрното ориз доведува до супер-хранлива форма на експандиран (проширен) ориз, со три пати повеќе белковини и богати количини на други хранливи материи кои го прават идеален за подготвување појадок, грицкалки и енергетски плочки со програма на исхрана во училиштето, рече Syed SH Rizvi и неговите колеги во една статија која се појави во Американското списание за земјоделство и храна, Journal of Agricultural and Food Chemistry.

Rizvi со колегите објаснија дека сега индустискиот експандиран ориз се добива со истиснување на пареа. Екструдерот го цеди оризовото брашно измешано со вода преку тесниот отвор на висока температура и притисок. На излезот на млазницата, оризот набабрува од пареата, се проширува и оди понатаму. Сепак, процесот може да ги уништи хранливите материи чувствителни на топлина.

Научниците се во потрага по начин да се избегне оваа загуба и оризот да се обогати со протеини и други хранливи состојки во текот на набубрувањето. Се свртеа кон процесот кој користи суперкритичен јаглерод диоксид, што, на пример, се користи за правење на кафе без кофеин и за други намени.

Научниците велат дека овој процес произведува експандиран ориз со три пати повеќе протеини и осум пати повеќе влакна од тековната индустрија на експандиран ориз. Таа исто така содржи калциум, железо, цинк и други хранливи состојки кои недостасуваат на конвенционалниот експандиран ориз. Нивниот експандиран ориз има подобар вкус и свежина од сегашните комерцијални производи.

Новиот ориз е “идеален за појадок, грицкање и како дел од енергетските плочки за училиштен оброк,” сметаат авторите и заклучуваат: “Балансиран нутриционистички профил и употреба на нуспроизводи од основните посеви како скршениот ориз го прави овој експандиран производ уникатен на пазарот.”