Новиот сој на коронавирус регистриран во 51 земја

472

Светската здравствена организација (СЗО) го потврди појавувањето на новата мутирана варијанта на коронавирусот ЕG5 која ги има истите симптоми како омикрон и повика на зголемен број тестови за да се има појасна слика за неговото ширење.

Овој тип на коронавирус досега е пронајден во 51 земја, а СЗО смета дека коронавирусот е откриен во тие земји поради поголем обем на тестирање.

Оваа варијанта е пријавена, меѓу другите земји, и во Кина, Кореја, Јапонија и Канада.

Експертите сметаат дека овие бројки треба да се земат со резерва, бидејќи само половина од земјите се тестираат за вирусот и дека ширењето на сојот ЕG5 е многу пораспространето отколку што покажуваат тестовите.

Меѓу вкупниот процент на тестирање, EG5 учествува со 17,4 проценти од позитивните тестови.

EG5 е категоризиран како високо пренослив. СЗО наведува дека вирусот не е сезонски распространет како во минатото.