Никола Тесла предвидел пад на цивилизацијата затоа што сме ги запоставиле овие работи

215

Никола Тесла е еден од најважните научници во историјата. Неговите откритија во областа на електротехниката овозможиле побрз развој на човештвото. Покрај тоа што бил генијален пронаоѓач, Тесла бил и голем визионер и често пишувал за тоа како ја гледа иднината.

Авторот на книгата „Тесла – дух, дело, визија“, Бранимир Јовановиќ опишува како било неговото истражување за овој значаен научник во емисијата „Дан во живо“ на N1 телевизија. Проучил повеќе од 160 илјади оригинални документи за Тесла.

Јовановиќ тврди дека Тесла ја предвидел големата нестабилност во која се наоѓа денешниот свет. Како што вели, на истражувањето работи повеќе од 40 години, а истакнува дека во музејот на Никола Тесла во Белград има неверојатно богатство.

Тој го предвидел падот на западната цивилизација

„Тоа е наследство од над 160.000 оригинални документи, најголемото научно наследство во светот. Околу 90.000 документи останале за Ајнштајн, 10.000 за Леонардо и околу 80.000 за Гете“, истакна тој.

Јовановиќ вели дека Тесла не бил само технолошки гениј, туку и дека неговото размислување за иднината оставило огромен филозофски и социјален печат.

Јовановиќ опишува дека Тесла пред 100 години предупредил дека западната цивилизација само се обидува да ги реши социјалните проблеми, а притоа ги занемарува моралните и духовните аспекти на животот. Тесла ја предвидел пропаста на западната цивилизација доколку нешто не се промени.

„Тој верувал дека душата и духот се атрибути на телото“

Јовановиќ опишува дека Тесла бил човек со контрадикторности кој го мачеле разни лични проблеми.

„Тој верувал дека душата и духот се атрибути на телото и дека со исчезнувањето на телото исчезнуваат и духот и душата“, раскажува за овој голем и мистериозен научник.

– „Живеел на ниво на умот и на ниво на срцето. Неговиот ум припаѓал на западната метафизика, но неговото срце на традицијата и православието“, заклучува Јовановиќ.