“Никогаш не ме удрил” – вистинска приказна за злоупотреба во врските

1342

Пасивната агресија е исто толку реална и честа колку и физичката агресија и остава трајни последици. Прочитајте ја вистинската приказна за една жена од таква врска, како и зошто била во неа …

Ројит Амет е канадска новинарка, дипломиран правник и блогер на Хафингтон пост. Тема на нејзиниот последен блог е психолошката злоупотреба во една врска, онаа што ја доживеала од прва рака. Иако нејзината приказна не е ништо ново или изненадувачко, но психолошката агресија во врската е насочена и кон мажите и жените, на многу смислен и детален начин ги опишува чувствата што ја придружуваа во врската обележана повеќе со омраза отколку со љубов.

Колку пати сум се нашла на подот од бањата под него, чувствувајќи ја неговата топла плунка додека врескал на мене? “Престани да цимолиш како дете. Ти си луда. Не знам кој сем мене би те толерирал!”

Колку часови поминав на тие плочки, откако тој би заминал во кревет, а очите полни со испукани капилари? Колку пати сум го чула неговото хрчење и сфатила дека спие, само неколку метри понатаму, слушајќи ме како хипервентилирам, сè уште во вилиците со напад на паника? Колку пати се прашував „Како дојдов овде? Како станав ваква жена?“. Колку пати сум се погледнала во огледало без да се препознам? Колку омраза имав према скршеното лице на жена чиј одраз зјапаше во мене? Сепак, тој никогаш не ме удрил.

Колку пати сум ползела по креветот наместо во такси и разбудена со неговите рацете околу мене, убедувајќи ме дека сама себе сум си го сторила? “Тој не е таков, јас го направив таков. Морам да го сменам пристапот околу овие работи. Треба да звучам помалку обвинувачки. Само малку да го омекнам својот пристап, тоа би му овозможило поинаку да реагира“.

Колку пати сум го сменила пристапот пред да сфатам дека единствениот начин да се избегне расправија е тој воопшто да не го спомнувам? Сепак, тој никогаш не ме удри.

Колку само мејлови и пораки му имам најдено? На колку само забави сме биле и знаев секогаш дека една од жените е таму? Брзо научив да се однесувам така „за да не се уништи инаку убавата вечер“. Откако еден член на неговото семејство ме праша дали кармин што го нашла под каучот е мој, само го фрлив без збор. Ниту таа рече нешто. Уште едно понижување во тишината. Сепак, тој никогаш не ме удри.

Колку пати ми рекол дека оди на спиење, да вечера со клиент, не го слушнал неговиот мобилен телефон – а всушност бил со друга жена. Колку пати ги игнорирал моите повици следното утро, преправајќи се дека ништо не се случило. Беше тоа садистички. Можев да видам како ужива во целата таа моќ. Колку само клеветни лаги измислил и им ги сервирал на моите стари колеги и пријатели откако го оставив? Колку пати го оцрни мојот углед? Колку пати сум се враќала, верувајќи во секое ветување дека тој е нов човек, верувајќи во секој лажен изговор? Сепак, тој никогаш не ме удри.

Колку пати пријателката би дошла по мене откако би ме исфрлил од кревет среде ноќ затоа што сум го прашала за една од жените со кои се плеткал? Колку пати би заминала од истите тие пријатели, бранејќи го и правдајќи за неговото однесување? Кога престанав да им кажувам на моите пријатели за да избегнам чувство на срам и лудило заради околностите во кои сум – срам, затоа што силната независна жена не може да се грижи за себе и остава врска што е токсична. Кога престанав да очекувам повеќе? Сепак, тој никогаш не ме удри.

Како можев да објаснам дека верував во делумно мојата грешка, иако се срамав да ги слушнам зборовите на скршена жена од моите усни. „Никој навистина не разбира. Никој не го познава како што јас го знам“. Моја работа е да го штитам од вистината за тоа што ми направи. Не можам да му дозволам да размислува за себе како за чудовиште. Никому нема да кажам.” Бев сосема сама. Сепак, тој никогаш не ме удри.

Моето отуѓување значеше дека не можам повеќе да се гледам себеси преку очите на другите луѓе, што ме натера понормално да се гледам. Можев да го видам одразот во неговите очи и да верувам на она што зболувал за мене. Почнав да верувам во ирационални објаснувања и покрај моето срце и очи. Му дозволив да ја дефинира реалноста. Станав изолирана. Полесно беше да ги прекинам оние што ме сакаат и ме поддржуваат, отколку да ги лажам за сè. Потоа и да се соочам со понижување на мојата реалност. Дел од мене знаеше дека штом ќе дознаат што се случува, ќе ме советуваа да го напуштам. Не би можела да се вратам назад. Сепак, тој никогаш не ме удри.

Поставив граница, црвена линија преку која нема да преминам. Оној моментот кога ќе ме удри, заминувам. Но, вистината е, не би заминала ниту тогаш. Би рационализирала тоа така што дури тогаш би сфатил колку далеку заминале работите – и тие би се промениле. Не би заминала. Нанесувајќи ми болка, тој ми покажува дека ме сака. Толку му е до мене што тоа го излудувало. Беше луд со бес, љубомора, тага и едноставно не можеше да се контролира.

Откако сè заврши, ми беше забрането да тагувам по него. Никој не можеше да разбере како љубовта, омразата, стравот и утехата можат да коегзистираат. Не можеа да разберат дека покрај мојот насилник, изгубив и другар, друштво за вечера, некој со кого сум гледала филмови додека надвор врнело дожд, некој со кого сум се смеела, кој ме познавал. Како би можела да објаснам некому дека злоставувањето е само дел од тоа.

Сè уште има денови кога се сеќавам на нежности и прашувам дали било баш толку лошо. Јас сè уште се борам да сфатам како можел да ме сакаше толку многу, а да ме мрази како негов најлош непријател. Како дете, повторно учам да ги препознаам границите на нормалното однесување и си поставувам свои очекувања. Се потсетувам себеси дека актите на насилството не можат да бидат акти на љубовта.

За прв пат во мојот одраз, гледам жена како се крева од длабочините на тој мрак. Во тоа неверојатно ми помогна фактот дека не сум сама, дека другите тоа го преживеале и така се чувствувале, а приказните на тие жени ми дадоа сила да продолжам и да согледам дека повеќе заслужувам. Иако тој никогаш не ме удри.

Се молам дека моите зборови ќе стигнат до сите жени кои се препознале себеси во моите зборови. Се надевам дека ќе им даде сила и љубов што им е потребна за да се извлечат од црните длабочини.