4. Не го мешајте нејзиниот интроспективен карактер со срамежливост
Жените Девица ретко се срамежливи. Напротив тие се премногу замислени и контемплативни – тие имаат тенденција да поминуваат часови во разгледување на една, не толку важна работа. Ако вашата Девица се утаи и се умисли, обидете се да ја натерате да зборува за она што ја мачи. На почетокот таа може да не сака тоа да го сподели, но ќе го цени вашиот предлог и желбата да ја слушне.
5. Помагајте ѝ, дури и кога таа нема да ви побара помош
Една од работите кои никогаш нема да ги слушнете од жена Девица, е да моли за помош. Овие дами се внатрешно убедени дека можат сами да се справат со сите предизвици во животот и тие ретко бараат нечие туѓо мислење или помош. Во исто време тие се дразнат дека никој не им нуди помош кога се видливо натоварени со обврски и тоа може длабоко ги разочара (особено кога е нивен близок човек).Длабоко во себе силната Девица исто сака маж кој ќе се грижи за неа.
6. Заборавете за грубото однесување
Жените Девици не ја толерираат грубоста, дебелите шеги и простите коментари во никакви ситуации, дури и за време на забава. Дама од овој знак си бара галантен маж кој секогаш и во сите ситуации се однесува мило и воспитано.
7. Не ги занемарувајте малите нешта
Методичната жена Девица е перфекционист по природа и често изгледа малку претрупана. Таа обрнува внимание на најситните детали во животот и не е склона многу-многу на компромиси. Ако сакате да ѝ докажете на вашата Девица колку ја сакате, обидете се и вие да го организирате вашиот живот повеќе темелно – буквално и фигуративно.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















