Не носете решенија на “празен стомак”

1038

Велат дека кога се донесуваат важни одлуки, чувствата треба да останат настрана. Па, ова не важи за храната!

Ново истражување истакнува дека 62% од возрасните грешат во изборот и проценката на гладен стомак. Ако не сакате да погрешите, потхранувајте го организмот најмногу на 4 часа.

Научниците велат дека ниските нивоа на шеќер во крвта, кои се добиваат при глад, нè прават импулсивни и гневни, што пак води до донесување на погрешни одлуки. Во Америка дури и се родил терминот “hangry” – кованица на зборовите “hungry” (гладнен) и “angry” (лут).

Истражување на универзитетот во Охајо покажа дека пропуштањето на дадено оброк доведува до зголемување на гневот.

Еве и што не треба да правите на празен стомак:

1. Не носете важни одлуки – веројатноста да згрешите е двојно поголема.

2. Не купувајте храна – ќе купите два пати повеќе од потребното.

3. Не се расправајте со партнерот – ќе стане лошо.

4. Не одете на интервју – нема да оставите добар впечаток.

5. Не се обложувајте – искушението е поголемо и недостатокот на трпение ќе ви одигра лоша услуга.

6. Избегнувајте метеж – може да причините несреќа или скандал на патот, поради недостаток на трпение.

7. Не ги казнувајте децата – може да биде сурови во овој момент, дури и без да го сфаќате тоа.

8. Не ѕвонете на центар услуги – ќе западнете во бесмислен спор и ќе се лутите повеќе.

9. Не правете нешто опасно – ризикувате здравје.

10. Не стојте во друштво на некој кој јаде – ќе се претворите во револтирана бомба.