Не би сакале да сте ваков родител

416

Психолози објаснуваат како токсичните родители вербално и емоционално ги злоупотребуваат своите деца.

Тие наметнуваат високи очекувања и преголеми барања и се однесуваат на начини кои предизвикуваат вина, страв или обврска кај нивните малечки, пренесува Parenting For Brain.

Тие исто така велат дека е сосема нормално одвреме-навреме да ги губите нервите, но за разлика од нормалното родителство, токсичното родителство вклучува модели на однесување кои имаат негативен ефект врз развојот на детето.

Најчестото токсично однесување на родителите е критикување на детето, изразување себични желби, жалење на тешкотии во воспитувањето на детето, правење нездрави споредби и навредливи изјави.

Психолозите нагласуваат дека ваквите коментари можат да предизвикаат трајна штета на социјалниот, психолошкиот и емоционалниот развој на детето. Покрај тоа, токсичните родители често ги ставаат сопствените потреби на прво место и целосно ги игнорираат чувствата на детето. Тие често ги игнорираат нивните желби, но исто така се многу скржави во давање комплименти или пофалби кога нивното дете ќе успее во нешто.

Родителите кои се однесуваат вака имаат и многу мала или никаква самоконтрола, поради што редовно му викаат на детето и често физички го казнуваат. Тоа доведува до штетни последици по здравјето на детето, без разлика дали се работи за неговата психичка или физичка состојба.

Токсичните родители, исто така, во повеќето случаи не ги контролираат работите што му ги кажуваат на детето, а како резултат на психичко малтретирање, детето се чувствува неспособно, а многу често е целосно губи на самодоверба. Ваквото однесување на родителите доведува и до чувство на срам, што е предизвик за детето да гради и одржува идни односи со другите луѓе.