Научниците откриле дури 5 подтипови на Алцхајмерова болест, еве што значи тоа за лекување на оваа болест

527

Неодамнешното откритие дека Алцхајмеровата болест има дури 5 подтипови објаснува зошто некои терапии не даваат резултати.

Револуционерна студија спроведена од меѓународен научен тим откри пет различни биолошки варијанти на Алцхајмеровата болест, од кои секоја има уникатен ефект врз мозокот.

Испитувањето на протеините на цереброспиналната течност кај 606 лица сугерира дека претходните лекови можеби биле погрешно перципирани, што потенцијално ќе доведе до погрешни заклучоци за нивната ефикасност во лекувањето на Алцхајмерова болест.

Betty Tijms, невронаучник во Центарот за Алцхајмерова болест во Амстердам, и нејзиниот тим користеле протеомика на масовната спектрометрија за да ја испитаат цереброспиналната течност на 419 луѓе со Алцхајмерова болест и 187 контроли.

Овој напреден метод им овозможил да идентификуваат 1.058 протеини поврзани со Алцхајмерова болест, што довело до препознавање на пет различни подтипови на болеста.

Овие подтипови се карактеризираат со варијации како што се хиперпластичност, имунолошка активација, дисрегулација на РНК, дисфункција на хориоидниот плексус и оштетување на крвно-мозочната бариера, секој од нив покажува специфични промени во групите на протеини поврзани со воспалението и растот на нервните клетки.

Со оглед на различните модели на молекуларни процеси и профилите на генетски ризик од Алцхајмеровата болест, веројатно е дека подтиповите на Алцхајмерова болест ќе бараат специфични третмани, истакнуваат Tijms и нејзините колеги.

Третманот треба да се прилагоди

Идентификуваните подтипови на болеста може да бараат приспособени третмани, со оглед на нивните уникатни профили на генетски ризик и клинички исходи. Покрај тоа, студијата го нагласува потенцијалното влијание на реакциите на лекови специфични за подтипот на болеста. На пример, лековите насочени кон амилоид може да бидат ефикасни за подтип со зголемено производство на амилоид, но потенцијално штетни за подтип со намалено производство на амилоид.

Tijms ја нагласува важноста на ова откритие за рана дијагноза и интервенција, нудејќи надеж за одложување на почетокот на симптомите на Алцхајмеровата болест. Студијата, исто така, ги поврзува новооткриените биолошки подтипови со различни анатомски обрасци на атрофија на мозокот, временска рамка за преживување на болеста и клинички исходи, што укажува на повеќе нијансирано разбирање на болеста.

Несаканите ефекти кои произлегуваат од одредени третмани може да зависат и од подтипот. На пример, додека антителата можат полесно да ја преминат крвно-мозочната бариера во подтип 5, овие лица може да бидат изложени на зголемен ризик од церебрална хеморагија што може да се појави со третман со антитела, истакнуваат авторите на студијата.

Лекот сE уште е недостапен

Алцхајмеровата болест, традиционално гледана како единствена болест со варијации во симптомите, претставува збунувачки предизвик за научниците. Тековните третмани обезбедуваат ограничено управување со симптомите, а лекoт за болеста останува неостварлив.

Истражувањето, објавено во списанието Nature Aging, означува клучен чекор напред во борбата против Алцхајмеровата болест, нагласувајќи ја потребата за понатамошна валидација и истражување на одговорите на лекови специфични за подтип. Меѓутоа, со секое откритие, научната заедница е се поблиску до разоткривање на сложеноста на ова исцрпувачко невродегенеративно нарушување.

Извор: Science Alert