Денес се поголем број луѓе боледуваат од дијабетес, кој е познат како тивок убиец, па затоа оваа болест привлече внимание и го алармираше целиот свет.
Меѓутоа, постојат намирници кои ефикасно помагаат во превенција на дијабетесот.
Дебелината, пасивниот начин на живот, недостигот на физичка активност и трошење на калориите, слатката и масната храна, се причини кои доведуваат до дијабетес. За да се спречи тоа, треба да се конзумира куркума, јагоди, сирење, јогурт, црвено вино, цимет, јаболка и спанаќ.
Куркумата содржи куркумин кој го спречува дијабетесот. Навистина, потребно е уште време за истражување за да се утврдат долгорочните ефекти од куркумата, но првите резултати се ветувачки.
Јагодите се многу вкусни и треба да се јадат редовно. Научниците тврдат дека помагаат во активирањето на протеините во организмот кои го намалуваат лошиот холестерол и крвните липиди, кои придонесуваат за развој на дијабетисот. Експериментите на глувци покажале дека јагодите помагаат при намалување на глукозата во крвта.
Сирењето и јогуртот се исто така ефикасни во превенција на дијабетисот, но само немасни. Експертите веруваат дека здравите бактерии кои ги содржат имаат корисни споредни ефекти.
Црвеното вино содржи спој на ресвератрол, кој помага на функцијата на шеќерот во крвта регулирајќи го инсулинот. Меѓутоа, тоа не е причина за да се испие цело шише. Клучот е умереност.
Циметот има многу позитивни ефекти на здравјето, а меѓу другото го намалува нивото на глукоза во крвта, но и нивото на триглицериди, лошиот холестерол, а истовремено ја подобрува чувствителноста на инсулинот. Цимет во прав може да ставите на тост или во кафе.
Јаболката содржат антоцијанин, спој кој помага во регулирање на шеќерот во крвта.
Спанаќот е богат со хранливи состојки, а едно британско истражување покажало дека конзумирањето на спанаќ дневно го намалува ризокот од дијабетис за 14 отсто.