Изглед
Жената Вага ќе ја препознаете по елеганцијата со која зрачи секое нејзино движење. Таа е совршено природна, драга, грациозна и секогаш само своја. Нејзините надворешни карактеристики се правилните црти на лицето, јамите на образите, широката и блескава насмевка, убавите заби, тенкиот струк и нагласените колкови. Вагата е перфекционист и секогаш средена, со уредна фризура и модна комбинација која секогаш е урамнотежена и суптилна.
На Вагата скоро никогаш нема да ѝ се случи да нема што да облече или да облече нешто сосема погрешно, бидејќи за изборот на вистинската модна комбинација ќе одвои време. Вродено ѝ е да знае како да се облече за секоја прилика и како да се претстави во најдоброто светло, без разлика каде и да е.
Стил
Вагата ја обожава модата, но нема слепо да ја следи, туку последниот моден стил ќе го прилагоди на себе за облеката да ѝ прилега најдобро. Па дури и кога ќе се облече како и сите останати, оваа креативна душа ќе има на себе нешто поради што ќе се одвојува од масата, како необичен прстен или уникатни нараквици. Најмногу избира кога станува збор за добри, квалитетни фармерки и ќе се посвети на потрагата за пар кој совршено ќе ѝ прилега. Не сака да претерува со модните детали, а добрите чанта или обувки најмногу ќе ја усреќат.
Жените Ваги ја сакаат долгата коса, пострижена слоевито и прошарана со светли прамени. Шминката е лесна, природна и блескава, а во својот несесер задолжителен е сјајот за усни со овошен вкус. Вагата нема да излезе од домот доколку на себе нема барем капка парфем, бидејќи едноставно е луда по мирисите и сака да мириса убаво.
Продолжува нстрана 3



















