Најнеподносливи хороскопски знаци | Ги излудуваат сите

1273

Скорпија

Скорпиите ќе ве излудат со својата желба за контрола. Исклучително се љубоморни и нагли и постојано мислат дека некој нешто им „готви“ зад грб. Доколку се сомневаат дека пријателот ги оговара или дека партнерот ги изневерува, Скорпиите ќе им постават замка се додека не паднат во неа и не сфатат колку се тие всушност опседнати со контролирање.

Вага

Личностите родени во знакот Вага никогаш не сакаат да преземат одговорност. Ќе ви напакостат, ќе ве повредат, ќе си поиграат со вашите емоции и само ладно ќе свртат грб и ќе си заминат. Иако на прв поглед не изгледаат така, Вагите се склони кон искористување на другите, но се разбира, тоа никогаш нема да го признаат.