Најкраток психолошки тест

2025

Краставица и диња

Таквиот одговор е покарактеристичен за мажите, отколку за жените. Мажите од овој тип се храбри и сериозни. Тие ретко паѓаат под влијание, и не се приврзаници на алкохолот. Меѓу нив има многу спортисти и љубители на патувања.

Жена покрај таков човек ќе се чувствува како зад бедеми – неговата одговорност се одразува и на односите во семејството. Таквите луѓе знаат што сакаат и лесно ја постигнуваат својата цел. Но, овој тип на мажи, исто така, има свои мани – им недостасува романтика. Нема да дочекате да добиете букет цвеќе.

Жените од овој тип често стануваат шефови, но во семејниот живот се беспомошни, како деца: лошо готват, не умеат да управуваат со буџетот, не сакаат да пеглаат, мијат садови, итн .. Меѓутоа, во лицето на таква жена, секој маж ќе најде верен пријател со целосно разбирање.

Домат и лубеница

Луѓето од овој тип се секогаш среќни и активни. Се карактеризираат со високи комуникациски вештини, но често можат да бидат многу експлозивни, што понекогаш води до скандал. Мажите од овој тип се гурмани. Прилично мрзливи.

Жените од овој тип се емотивни, ја сакаат куќата и животните. Покрај нив, секогаш е топло и пријатно. Тие не се интригантни, но можат да бидат без такт. Често го кажуваат она што мислат. Инаку, искреноста е главниот психолошки квалитет на овие луѓе.

Краставица и лубеница

Луѓето од овој тип постојано доживуваат ментална конфузија. Нивниот надворешен мир и воздржаност ја кријат внатрешната тензија во себе. За таквите мажи велат: “тивка вода, брег рони”. Со таков човек живеете како на вулкан – никогаш не знаете што ќе се случи утре, и каква идеја сега носи во неговата глава.

Жените од овој тип не создаваат расправија заради ситници – тие ги собираат навредите и еден убав ден се во состојба да ги искршат сите садови дома, често и од главата на сиромавиот сопруг.

Инаку, луѓето од овој тип се многу креативни. Тие умеат да мислат, меѓу нив често се научници и пронаоѓачи.

Домат и диња

Ако ви се блиски овие плодови – вие сте балансирани, внимателни и смирени. Имате внатрешен такт и чувствителност. Сакате убави работи и имате одличен вкус. Мажите од овој тип се некако феминизирани. Често стануваат уметници, музичари – луѓе со искуство …

Жените од овој тип се со вљубувачка природа, страствени и упорни. Тие се верни, нежни и грижливи, за разлика од мажите кои често се нарцисоидни и егоисти.

Најдобрите бракови се помеѓу:

– маж “краставица – диња” и жена “краставица – лубеница”

– маж “домат-диња” и жена “краставица – диња”

– маж “краставица – лубеница” и жена “домат – лубеница”

– маж “домат-лубеница” и жена “домат – диња”