НАЈБИЗАРНИТЕ МЕДИЦИНСКИ ПРАКТИКИ ВО ИСТОРИЈАТА

1335

Терапија со електрошокови

Познати кај нас како електроконвулзивна терапија (ECT), третманите со електрошок за прв пат биле користени во 1940-тите како алтернатива за лоботомијата, и тоа за лекување на различни форми на депресии и мании, а најчесто се користела за лекување на хистерија.

Електроконвулзивната терапија била остро критикувана во јавноста поради претпоставката дека го зголемува ризикот од самоубиства кај пациентите третирани на овој начин. Еден од нив е Ернест Хемингвеј. Терапијата со електрошокови често се прикажувала на филмското платно, па ги засилила критиките. Од почетокот на примената на овој вид третман, постоел проблем од етичка природа поради немањето согласност на пациентите и неможноста да се ублажи болката што ја трпат пациентите во текот на лекувањето со давање анестезија.

Продолжува на страна 3