Според National Oceanic and Atmospheric Administration, помалку од 5% од светските океани се истражени, што значи дека 95% од она што лежи длабоко под водата е сè уште само мистерија.
Една од оние личности кои целиот свој живот го посветиле на откривање на тајните на длабочините е јапонскиот фотограф Yoji Ookata, кој ги поминал изминатите 50 години истражувајќи и документирајќи ги своите откритија на бреговите на Јапонија.
Неодамна, додека нуркал во близина на Amami Oshima на југот од земјата, Ооката забележал нешто што никогаш не го видел досега: кружни брановидни геометриски песочни обрасци со дијаметар од скоро шест метри и скоро 80 стапки под нивото на морето.
Наскоро се вратил со колегите и телевизиските екипи за да дознае повеќе за овој феномен, кој го нарекле “мистериозен круг”.
Откриле дека Мистериозниот круг не е голема мистерија, туку вистинска мала подводна љубовна приказна.
Користејќи подводни камери, тимот открил дека уметникот зад овие кругови е мала риба која неуморно плива, дење и ноќе, за да ги создаде овие огромни органски скулптури.
Преку понатамошно внимателно набудување, тимот открил дека круговите на оваа риба служат за повеќе цели, а најважно е тоа – да го привлечат партнерот.

Наводно, женките ги привлекуваат ридовите и долините во песокот, а обликот на кругот внимателно ги води до мажјакот кој се наоѓа во центарот на кругот, каде што подоцна ги несат јајцата.
Научниците исто така откриле дека колку повеќе ридови и долини во кругот, толку е поголема веројатноста да се создаде потомство.
Ова е една од оние, реални, приказни за вистинска љубов, уметност и желба за потомство.