Мажите кои испраќаат форографии од својот полов орган на жени, имале “јака порака”

1366

Ако некогаш сте се запрашале “каков човек може некому да испрати (несакана) фотографија од својот полов орган”, еве го одговорот.

Мажи кои сакаат да испраќаат фотографии од полов орган, кои никој не ги барал ниту ги сака, претежно се нарцисоидни сексисти. Веројатно веќе тоа и го мислевте, но овој пат тоа го докажала науката.

Научниците испитале 1.000 хетеросексуални мажи за тоа дали и колку испраќаат фотографии од нивниот генитален орган на жени, како и за нивните карактеристики.

Резултатите веројатно нема никого да изненадат многу – мажи кои пратиле барем една ваква фотографија се нарцисоидни и имаат сексистички ставови.

Со други зборови, мажите кои испраќаат вакви слики кои никој не ги барал за себе, сметаат дека се апсолутно совршени – па, зошто тогаш и другите да не го видат тоа ?! – а тоа истото го прават затоа што немаат почит кон жените.

Овие мажи генерално мислат дека за жените треба да важат поинакви „стандарди“ отколку за мажите, а исто така мислат и дека се ужасни.

Нејсе, ова истражување, исто така, покажало и дека испраќањето несакани фотографии од половиот орган е многу често – дури 48 проценти од испитаниците испратиле барем една фотографија од својот полов орган.

Говорејќи за просекот и статистика, типичен маж кој испраќа вакви фотографии има 31 година и или е оженет или е во долга врска.

Веројатно се прашувате зошто некој би се одлучил да го фотографира својот полен орган и тоа да го испрати некому, а тој некој не побарал такво нешто?

Па, 82 проценти од оние кои испраќале вакви фотографии велат дека сакаат да ја возбудат жената на која ѝ ја праќаат фотографијата!

Од друга страна пак, треба да се има предвид дека тоа се претежно нарцисоидни личности кои веруваат дека се феноменални и не ги почитуваат жените, па затоа сметаат дека една фотографија од гениталиите е доволна жените да се „онесвестат“ од возбуда …