Лујза Хеј | Преубави афирмации, кои можете да ги вежбате со своите деца

523

Децата се благослов од универзумот. Тие не се сопственост на родителите. Тие се духовни души кои доаѓаат за нешто да научат. Тие ги одбрале своите родители за лекциите и предизвиците, кои ќе им ги дадат. Тие се тука да не научат на многу работи ако сме отворени за учење, вели познатата писателка на книги за самопомош Лујза Хеј.

Децата, според неа се предизвик затоа што тие имаат различни начини на гледање на животот.

Родителите често инсистираат да ги подучуваат на застарените идеи за кои децата инстиктивно знаат дека не се добри за нив.

Должноста на родителот, додава таа, е да му даде сигурност, смирен простор на детето за тоа да ја развие својата личност во целина.

– Мораме да разбереме дека секое дете кое се појавува на оваа планета е исцелител и кога е охрабрено може да направи чуда и да го унапреди човештвото. Кога ќе се обидете детето да го ставите во калап кои сме го наследиле од нашите дедовци и баби, му правиме лошо и автоматски му нанесуваме штета на општеството, вели таа.

Хеј смета дека треба да се поздрави уникатноста на своите деца.

– Дозволете им да се изразат на начинот кој им е својствен, дури и доколку мислите дека тоа е само хир. Не ги збунувајте, не ги критикуваје и не ги казнувајте. Не мора да бидете совршени родители, додава таа.

Авторката вели дека најдобро што може да се направи за нашите деца е да ги научиме да се сакаат себе си, а децата секогаш учат на примери.

Следуваат афирмации кои родителите и децата може да ги вежбаат заедно

  • Сакам нови работи

  • Подготвен сум да учам. Животот е едукација. Јас сум студент. Работам најдобро што можам и секој ден се станува полесно.

  • Детето во мене знае да сака, да пее, танцува и да лекува. Се почитувам и негувам себе си.

  • Го гледам најдоброто во сите

  • Сега придонесувам за обединет, мирен семеен живот исполнет со љубов.

  • За да добијам повеќе љубов, треба повеќе да се сакам.

  • Си дозволувам себе си големи соништа.

  • Јас сум единствената личност која го следи токму овој пат.