Луѓето со многу пријатели имаат поголем праг на толеранција на болка

1359

Истражување на научниците од Окфордскиот универзитет покажува дека луѓето со многу пријатели, поднесуваат подобро физичка болка, пренесува “РИА Новости”, цитирани од “Фокус”.

Тоа е поврзано со производството на ендорфин – хормонот на радоста и задоволството што ја потиснува болката и помага за доброто расположение.

За проверка на оваа теорија, научниците ја истражувале големината на пријателскиот круг и прагот на болката кај 101 лице на возраст меѓу 18 и 34-годишна возраст.

Првично учесниците пополнувале анкета во која посочиле колку често комуницираат со пријателите, а потоа беа ставени во многу непријатна ситуација. Истражувачите утврдиле дека и мажите и жените, кои излегувале често со пријателите издржуваат повеќе болка.

Сеуште не е утврдено што е фундаментално – дали социјалната активност стимулира изработката на ендорфин и ја притупува болката, или луѓето со активно производство на хормонот имаат повеќе пријатели.