ВТОРА ДЕЛОВНА ЛЕКЦИЈА
Додека се возел со својот автомобил, свештеникот здогледал калуѓерка покрај патот. Застанал, и понудил превоз, таа прифатила.
Седнала покрај него и ги прекрстила нозете откривајќи ги своите прекрасни колена.
По некое време, ја спуштил својата рака на нејзините нозе. Таа го погледнала и му рекла:
– Оче, зарем не се сеќавате на 129-от псалм?
Свештеникот длабоко се извинил, ја повлекол раката, но по некое време, повторно му отишла раката накај калуѓерката.
– Оче, зарем не се сеќавате на 129-от псалм?
Тој уште еднаш се засрамил.
– Проштевајте сестро, телото е грешно.
Калуѓерката стигнала до манастирот, а свештеникот продолжил до својата црква. Влегол и веднаш ја побарал Библијата за да се потсети на 129-от псалм. А тој гласи:
– Оди напред и барај, продолжи и ќе го сознаеш врвот на задоволството.
НАРАВОУЧЕНИЕ: Ако не си доволно информиран за работата со која се занимаваш, можеш да пропуштиш сјаjни прилики.
Продолжува на страна 3


















