Лебарки – киборзи би можеле во иднина да влезат во оштетена нуклеарна елекрана или во урнатини за да собираат информации или да трагаат по преживеани, пишува Live Science.
Тим на истражувачи вградил во живи лебарки електроди кои ги стимулираат нервите во антените на инсектите.
Ова им овозможува на научниците да управуваат со лебарките како играчки со далечинско управување.
Иако на лебарките се гледа со згрозување- животно кое се храни со остатоци од храна, овие инсекти се подобри од кој и да е од постоечките денес минијатурни роботи, истакнува Hong Liang од Texas R&M University, која е коавтор на истражувањето објавено во Journal Royal Society Interface.
Управуваните далечински лебарки можат “да одат насекаде,или во насока ако бидат неводени”, вклучително и на места недостапни за луѓето, какви што се катастрофални региони, вели Liang. Таа и колегите им пресадоа електроди во нервите на американската и дисковидна лебарка.
Истражувачите залепиле на грбовите на дисковидните лебарки мали ранчиња, кои се доволно големи за да издржат таков товар. Секое раниче содржи микро, безжичен предавател и батерија. Лианг и тимот нејзино успеале да ги натераат инсектите да трчаат и да се свртат во посакуваната масока, а таквите обиди во 60 отсто од обитие биле успешни.
Во моментов истражувачите развиваат неинвазивна верзија на системот за контрола на лебарките, која користи вибрирачки мотор сместен во нивните антеним. Тој ќе може да ја извршува контролната функција, бидејќи лебарките имаат сензор кој детектира звуци или вибрации, издавани од предатори. За разлика од електродите, вибрираќкиот уред нема да е поврзано со имплантација и ризик од оштетување на инсекти.
“Лебарките се исклучително интересни суштества. Луѓето за нив мислат дека се одвратни, но во реалноста тие постојано се чистат. Ако изгуби нога, на негово место израснува нов. Покрај тоа, тие се едни од неколкуте животински видови кои можат да издржат опасни количини нуклеарна радијација”, вели Liang.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















