Крофни во форма на срце

1965

За крофните

  • Свеж квасец
  • шеќер во прав
  • 200 милилитри млако млеко
  • 500 грама брашно
  • 80 грама омекнат путер
  • 2 јајца
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажица рендана кора од лимон
  • 3 лажици рум
  • прстофат сол
  • масло за пржење

За преливот

  • 100 милилитри слатка павлака
  • 200 грама чоколада

Подготовка

Пред да започнете со месењето. Брашното и сите состојки оставете ги да отстојат на собна температура.

Во сад измешајте го брашното со 1 лажица шеќер и малку загреано млеко, додадете две лажици брашно и оставете квасецот да нарасне.

Во поголема здела добро обработете го омекнатиот путер со јајцата и измешајте го остатокот од шеќер, изрендана кора од лимон и ванилиниот шеќер па потоа додадете го и квасецот, просеаното брашно, румот, прстофат сол и постепено доливајте го млакото млеко и месете се додека да добиете мазно тесто.

Тестото покријте го со крпа и оставете го на топло да нарасне.

Кога тестото е нараснато, премесете го уште еднаш и растегнете го со дебелина од два сантима и со помош на модла во форма на срце вадете ги парчињата.

Обликуваните срца оставете ги кратко на топло место покриени со крпа за да нараснат уште малку.

Во тавче загрејте поголема количина на масло и кога ќе биде врело во него спуштајте ги срцата така да можат слободно да плутаат и пржете ги додека не поруменат од двете страни.

Пржените срца вадете ги на хартија за печење за да се исцеди вишокот на маснотија.

Во тенџере загрејте ја слатката павлака и во неа измешајте го чоколадото и оставете се да омекне и да добиете мазна текстура.

Срцата посипете ги со чоколадото, само со прав шеќер или пак декорирајте ги по своја желба.