Лав
Вашиот шеф Лав е храбар, лојален и има силен карактер и волја. Тој исто така има вродени лидерски квалитети и ќе направи речиси сè за да ве натера да одите на работа, на најдобар можен начин. Луѓето од овој знак се работохолици кои ги извршуваат своите цели до крај. Тие очекуваат сите нивни потчинети да бидат лојални и чесни. Овие луѓе нема да ја злоупотребат својата власт никогаш. Шефот Лав може да ве научи како да се користи менталната и физичка сила најефективно.
Девица
Вашиот шеф Девица е конзервативен, критичен и е перфекционист. Овие лидери очекуваат вработените секогаш да ги надминуваат нивните очекувања. Девиците им даваат на подредените слобода. Тие се одлични комуникатори и администратори. Шефот Девица ќе ги почитува сите правила во канцеларијата и ќе покажува совршена работна етика. Тој / таа никогаш нема да стави некој вработен на пиедестал. Овие луѓе обично се сочувствителни и пријателски настроени кон луѓето со кои работат.
Вага
Вашиот шеф Вага е весел, кул и избалансиран. Вие имате среќа, ако наидете на шеф од овој знак. Ќе работите во една пријатна, опуштена и пријателска работна средина, без непотребни интриги и емоции. Шефот Вага нема да ве измачува и да ви дише во вратот. Тој нема да ве тера да останете на работа надвор од работно време. Тој во целина е многу разбран и толерантен и ќе ви овозможи да си работите од дома, кога не се чувствувате добро.
Скорпија
Вашиот шеф Скорпија е инает, кој има железна волја и стратешко размислување. Тој сонува за успех и не престанува да се движи кон него. Овој шеф очекува сите негови потчинети да ги следат неговите правила и да ги исполнат сите барања на компанијата. Овој шеф е авторитарен и ги следи и контролира своите вработени. Тој, сепак, никогаш нема да го запре развојот на свој потчинет, туку напротив – ќе го охрабри. Покрај тоа, тој е великодушен и сака да дава бонуси и да им помага на луѓето со своите бизнис врски. Со таков шеф можете брзо да напреднете во кариерата.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 3


















