Работната средина често е опишувана како организирана џунгла, чиј лидер е шефот.
Тој може да биде доминантна личност која делува стресно на подредените или пак да биде човек со кул однесување кое ќе ги мотивира вработените. Секој знак си има сет од карактеристики кои се однесуваат и до личноста на шефот.
Дознајте кој е хороскопскиот знак на вашиот управен директор или менаџер, за да дознаете како да ги подобрите бизнис односите со него / неа.
Овен
Вашиот шеф Овен е амбициозен, енергичен и конкурентен. Тој има вродени лидерски вештини. Не си дозволувајте да се однесувате агресивно со него или да го предизвикате на спор, бидејќи шансите да победите се минимални. Овој шеф не се доверува лесно на колегите и подредените – тешко ќе му ја заработите почитта. Можете да го придобиете газдата Овен преку посветеноста, професионалноста, психичка и физичка издржливост. Добро е дека луѓето од овој знак се многу чесни и праведни и имаат тенденција да го заштитат својот тим.
Бик
Вашиот шеф Бик е сталожен, сигурен и спокоен. Тој ќе ве охрабрува да излегувате надвор од границите на удобноста, за да се постигне повеќе во кариерата. Овој шеф знае како да ги подобри способностите на своите вработени. Шефот Бик не се разбира лесно со бујни или ексцентрични типови на личности кои не се придржуваат кон рутината и не ги следат целите на компанијата. Овој шеф се прилагодува лесно кон промените, па нема да се двоуми да ги ослободи луѓето кои не се вклопуваат во неговиот тим. Тој може да ги научи луѓето на стабилност и на тоа да уживаат во плодовите на својот труд. Овој шеф ги цени вработените кои му укажуваат благодарност.
Близнаци
Вашиот шеф Близнак е многу активен, интелигентен и комуникативен. Тој е зборлест и пријателски настроен кон сите луѓе од својот тим. Сепак, тој може да се однесува ладно. Близнаците имаат желба, а и способности да бидат мултифункционални и го очекуваат тоа од подредените. Понекогаш шефот Близнаци е склон да ја комплетира работата на вработените на начин што ќе ги разочара. Тоа е затоа што тој сака да се увери дека се е во ред. Овој шеф е забавен и е одличен професор. Ако сакате да дознаете нешто ново за работното место или за видот работа – тој ќе ви е од голема корист.
Рак
Вашиот шеф Рак е традиционалист, ориентиран кон бизнисот. Луѓето Ракови можат да бидат големи водачи. Тие ги сакаат предизвиците и се подготвени да работат заедно со своите вработени, ако е потребно. Овие луѓе не се плашат од многу работа. Тие преферираат да работат со одговорни луѓе. Тие не толерираат мрзеливост и непрофесионализам. Нивните главни приоритети се насочени кон обезбедување на приход за семејството, за безбедноста на работниците и вработените. Шефот Рак е пријатен и е шаливџија. Тој не би сторил ништо што би им наштетило на потчинетите.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















