Како хороскопскиот знак се справува со стресот

1421

9. Стрелец

Ако ова е вашиот знак, најверојатно вие сакате да сте во постојано движење. За вас неактивноста е најстресна. Затоа кога ќе ви дојде премногу – прошетајте се за некое време на отворено, за да побарате врска со природата.

10. Јарец

Јарците често имаат премногу високи очекувања за себе и се доста критични, што пак може да биде навистина стресно. За нив најдобро олеснување на стресот може да дојде од практикувањето на нивните омилени хобиа и различни пријатни активности.

11. Водолија

Луѓето од овој знак се авантуристи по природа кои сакаат да водат активен социјален живот.Токму опкружувањето со премногу луѓе и интензивната комуникација понекогаш носи стрес на Водолијата. Ако тие сакаат да го намалат овој стрес, ќе треба да се ограничат и нивните обврски. Тие треба да се обидат да живеат опуштено и едноставно, без да претеруваат со забавите, собирањето и прославите.

12. Риби

Ако сте риба, најверојатно сте склони да не дискутирате за својот личен живот. Вие ќе се обидувате да ги задржите во тајност сите ваши проблеми, што е прилично стресно. За да можете да се одморите, ќе треба да им верувате на луѓето од поблиското опкружување и да си најдете сродна душа, пред која од време на време ќе ја истурате вашата душа.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.