Јадранот крие посебна тајна ! Секоја година голем број туристи летуваат на „изгубениот континент“ без воопшто да се свесни за тоа

317

Милиони туристи својот годишен одмор го поминуваат на Јадранот, а не ни знаат дека под нивните нозе се крие изгубен континент.

Многумина слушнале за Атлантида. Изгубениот континент, за кој научниците сè уште не се сосема сигурни каде точно била или жошто потонала, е опишана во делата на грчкиот филозоф Платон. Но, дали сте знаеле дека некогаш постоел друг континент што во меѓувреме сме го загубиле?

Група научници од University of Utrecht го фокусирале своето внимание на медитеранскиот регион и неговото геолошко минато.

Тоа е геолошки хаос: сè е закривено, скршено и насложено, објаснува во изјавата водечкиот истражувач Douwe van Hinsbergen, професор по глобална тектоника и палеогеографија на Department of Earth Sciences at the University of Utrecht. Во споредба со ова, Хималаите, на пример, претставуваат прилично едноставен систем. Таму можете да следите неколку големи раседи на растојание и повеќе од 2.000 километри.

Додека ја проучувале тектониката на континенталните плочи, научниците составиле нови модели кои вклучувале нови податоци и, истражувајќи ја областа од Шпанија до Иран, откриле дека јужна Европа се наоѓа на врвот на парче континентална кора со големина на Гренланд. Тој дел се одвоил од Африка пред повеќе од 200 милиони години.

Заборавете на Атлантида. Голем број туристи секоја година летуваат на изгубениот континент на Големиот Јадран, без воопшто да го сфатат тоа, се вели во соопштението.

Како што напишале во студијата објавена во списанието Gondwana Research, најголемиот дел од „изгубениот континент“ всушност потонал, а останатите делови, особено седиментните карпи, сега ги сочинуваат планинските венци на Апенините, делови од Алпите, Балканот, Грција и Турција.

Повеќето од планинските венци што ги истражувавме потекнуваат од еден континент кој се одвоил од Северна Африка пред повеќе од 200 милиони години, додаде Van Hinsbergen.

За да го пронајдат континентот, во напредниот софтвер за тектонска реконструкција на плочи GPlates внеле илјадници информации за движењето на плочите, раседните линии и карпестиот магнетизам. И тогаш почнале да ги отстрануваат слоевите до периодот на Тријас, пред околу 240 милиони години. Имено, токму тогаш „Големиот Јадран“ почнал да се развива како посебен континент.

Единствениот преостанат „видлив“ дел од континентот, посочува Van Hinsbergen, е во длабочините на Јадранското Море и се протега од Торино до самиот крај на „петтата на чизмата“ на Италија. Остатокот од парчето од континенталната плоча, кој бил дебел околу 100 километри, се „нурнал“ под јужна Европа во земјината обвивка, каде сè уште можеме да го следиме со сеизмички бранови до длабочина од 1.500 километри.

Субдукцијата, потонувањето на една плоча под друга, е основниот начин на кој се формираат планинските венци. Нашето истражување даде голем број на сознанија, исто така и за вулканизмот и земјотресите, кои веќе ги применуваме на други места. Можете дури и до одреден степен да предвидите како ќе изгледа одредена област во далечна иднина. На краток рок, постојат и економски аспекти поврзани со истражувањето. Рудни наоѓалишта и градежни материјали кои се од витално значење за нашето општество се наоѓаат во планинските појаси како што се оние во истражувачката област. Геолошките системи од кои потекнуваат овие ресурси се фрагментирани заедно со планинските појаси што ги реконструиравме. Затоа, реконструкцијата е корисна во потрагата по нови ресурси, нагласи тој.