Изработена нова слика на Исус, врз основа на познатата реликвија | Дали е ова неговото вистинско лице?

797
Новата анализа на крвта на Торинската плаштеница „ја поддржува библиската приказна за распнувањето на Исус“

Италијанските научници оваа недела утврдија дека Торинското платно датира од времето на животот на Исус, пред приближно две илјади години.

За некои историчари, платното чувано во капелата во центарот на италијанскиот град претставува една од најсветите христијански реликвии, пишува Daily Mail.

„Се тврди дека ткаенината била завиткана околу распнатиот Исус кога бил положен во гробот“, вели Tim Andersen, истражувач од Georgia Institute of Technology.

Познатото Свето Платно прикажува контура на брадест човек, кој многу верници го гледаат како ликот на Исус втиснат на ткаенината со излив на воскресната енергија. Новинарите од британскиот MailOnline ѝ дале задача на вештачката интелигенција, конкретно на AI алатката „Мерлин“, за да ја генерираат реална слика за Исус Христос врз основа на Торинското платно.

Резултатот што го добиле одговара на холивудската перцепција за Христос. На екранот се појавил белец со големи сини очи, штуцана брада и траги од трње на лицето. Откако првпат се појавило на историскиот радар пред неколку стотини години, Торинското платно ги плени научниците ширум светот. Некои ја гледаат ткаенината како погребната плаштеница на Исус Христос, додека други ја гледаат како средновековен фалсификат.

Торинското платно

Торинското платно е ленено платно со бледа слика на човек од предната и задната страна, која со децении е инспирација за бројни научни истражувања кои во голема мера ги збунуваат научниците и светот.

Долгорочното истражување на Торинското платно, спроведено од научници од различни области на знаење, покажа дека тоа носи фигура на маж на возраст од 30 до 35 години, висок 178 сантиметри и тежок 79 килограми, кој имал брада и долга коса, силна и пропорционална структура на телото и убави семитски карактеристики.

Овој човек бил изложен на страшни маки со камшикување, крунисан со трње и распнат на крст. На целото тело што е оцртано на платното се видливи дури 600 рани и разни повреди, а пронајдена е и крвната група АБ која е присутна и во други, научно истражени евхаристиски чуда ширум светот.